politikanti-logo-mk

Запознајте ги водителите

Кратки информации и биографија за личностите кои говорат на подкастите.
saso-ordanoski

Сашо Орданоски​

Сашо Орданоски се занимава со новинарство и публицистика речиси четири децении. Во својата кариера работел за бројни домашни и меѓународни печатени, електронски и дигитални медиуми. Автор е на повеќе книги, дваесетина години предава на неколку универзитети во Македонија во областите на социологија, комуникологија и политички науки. Основач и член е на повеќе домашни и меѓународни невладини организации, а како консултант во областите на меѓународната безбедност, развивањето на демократијата, медиумите и односите со јавност работи на четири континенти во светот.

Борјан Јовановски

Борјан Јовановски е новинар од 1991. Кариерата ја започна во Радио Скопје, а ја продолжи како ТВ новинар во А1 ТВ. Кон крајот на 90-тите беше дописник од Брисел за МТВ и А1. По враќањето од Брисел беше автор и водител на емисијата Еврозум која како независна продукција се емитуваше на повеќе телевизиски станици. Со својата продукциска куќа Еуровижн, Јовановски го реализираше серијалот на докуметарни филмови „Европски приказни“  По затворањето на А1 беше ангажиран од регионалните телевизии Н1 и Ал Џезаира како водител на емисијата „Балкан у Европи“. Јованопвски беше еден од основачите и главен уредник на порталот novatv.mk. Куса пауза од новинарската кариера направи во 2003 година кога беше портпарол на претседателот Борис Трајковски. Сега Борјан делува како независен новинар ангажиран на повеќе проекти. Работи како дописник на Еуроњус оф Македонија. Во својата 30 годишна кариера добитник е на наградите „Крсте Петков Мисирков“  и наградата на МИМ за истражувачко новинарство.

borjan-jovanovski-voditel
партнери и

Спонзори

Со нивната континуирана поддршка се обезбедува пренесувањето на факти до Вас – нашата ценета публика.

Слушајте нè