politikanti-logo-mk

🔴 Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова издание се занимаваат со неколку меѓусебно поврзани политичко-економски теми, каде редовен зачин е актуелната кампања за претседателските и парламентарните избори.
Деновиве излезе и извештајот на поранешниот италијански премиер Енрико Лета, во кој тој констатира дека ништо не е исто во светот по инвазијата на Русија врз Украина ниту пак ќе биде. Но, во извештајот недвосмислено стои дека проширување на ЕУ ќе има и врз основа на тој факт Лета ги прави сите проценки за иднината на меѓународните односи и економијата на Унијата. Како и дали тука се вклопува Западен Балкан?
Македонија е земја што не произведува ништо. Има доволно само свинско месо, но храната за свињите е увезена. Оттука, ние не можеме да се прехраниме без помош однадвор, особено од ЕУ. Што ќе значи за македонскиот граѓанин влегувањето на земјата во ЕУ од економски аспект?
Аналитички за овие работи и многу повеќе во новото издание на поткастот „Политиканти.мк“.
▪️ Сашо Орданоски и Борјан Јовановски, заедно со целиот тим на „Политиканти.мк“, изразуваат искрено сочувство до семејството и пријателите, на нашиот ненадејно и прерано починат реализатор Антон Андов.