politikanti-logo-mk

🔴 МАЛКУ СЕ КОМУНИЦИРА СО ГРАЃАНИТЕ ЗА БИТНИ ПРАШАЊА, ГРАЃАНСКИ СОБРАНИЈА СЕ ДОБРО РЕШЕНИЕ
Во ова издание освен констатираната здодевност на претседателската кампања воопшто, двајцата „политиканти“ се „произнесоа“ во свој стил за претседателската дебата. Онаа маратонска, со сите седум кандидати.
Дали воопшто кандидатите и партиите имаат корист од кампањите? Колку нивните пораки допираат до оние кои се изјаснуваат како неопределени или велат дека не знаат за кого ќе гласаат? Како партиите да ги „извадат“ на гласање оние кои можеби би гласале за нив? Кои се алтернативните методи за гласање, различни од одење до гласачката кутија?
На овие претседателски избори имаме седум кандидати. Никој не може да каже дека немал избор па не излегол на гласање. Дали тоа ќе биде така или на луѓето ќе им биде тешко да облечат чевли и да појдат да гласаат?
Претседател да се бира на непосредни избори или во Собрание? – Орданоски и Јовановски со различно мислење и различни аргументи. Колку е битно да се сослушаат аргументите на другиот покажува еден модел на т.н. Граѓански собранија што се применува во европските демократски земји. Како функционира тој модел и кои се придобивките?
Бидејќи на сила е изборен молк, ама не е молк пред избори за градоначалник, Сашо и Борјан овој пат решија да поразговараат – малку сентиментално, малку аналитички – за Скопје. Што има, а што нема Скопје а би требало да има? И што има Скопје, а не би требало да има? Зошто не го продаваме наративот за Скопје? Зошто не се фалиме со историјата на Скопје? Зошто не си ги користи шансите што му се дадени?
За овие работи и многу повеќе погледнете го целиот поткаст.