politikanti-logo-mk

🔴 ИНТЕРВЈУ СО АРБЕН ТАРАВАРИ: НИ ТРЕБА НОВ УСТАВ, ЕУ И ЦЕЛОСНИ РЕФОРМИ

Во првиот дел од денешниот поткаст Орданоски и Јовановски со анализа на изборите.
Во вториот дел гостин е Арбен Таравари, доктор и градоначалник на Гостивар, лидер на Алијанса за Албанците кој пред избори остана без печатот на партијата, еден од четворицата лидери на Коалицијата Влен (Вреди) од албанскиот блок, коалиција која оствари завиден резултат со можност доколку успеат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ да го детронизира ДУИ и по 22 години владеење да го испрати во опозиција. Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова прво интервју по изборите направено со човек кој извесно ќе биде дел од новата власт повеќе разговараа за иднината отколку за минатото.
Таравари иднината ја гледа во ЕУ, а своето политичко дејствување во таа насока. Но, какво е неговото мислење за ставовите за идниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ во однос на европскиот пат? Ќе се постигнат ли уставни измени за 6 месеци? Што ќе видиме во првите 100 дена од новата влада? Ќе има ли ветинг? Ќе има ли реваншизам? Кои се столбовите на идната заедничка влада на ВМРО-ДПМНЕ и Влен?
Одговорите на овие и уште неколку битни прашања за нашата иднина слушнете ги во најновото издание на поткастот „Политиканти“.