politikanti-logo-mk

🔴 ИНТЕРВЈУ СО ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: ОЧЕКУВАМ ОСТАВКИ ОД КОВАЧЕВСКИ И РАКОВОДСТВОТО, БЕЗ ОДЛАГАЊЕ

🔸 Во првиот дел од денешниот поткаст слушнете ги ставовите на Орданоски и Јовановски околу светлата (или не баш светла?) иднина што ги очекува ВМРО-ДПМНЕ на домашен терен, а особено на надворешен. Дали Максо е камче или грутка земја во чевелот на Мицкоски? Држи ли тезата дека Мицкоски ќе најде оправдување да ги прифати бугарските барања што досега ги оценуваше како „диктат“ и што тоа му се подготвува во кујната на „добриот готвач“ Бојко Борисов?
🔸 Во вториот дел, гостин е Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ и како што се шпекулира – кандидат за нов претседател на СДСМ, е гостин во поткастот „Политиканти“. Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју со Деспотовски разговараа и за економија и за политика, а особено за политика. Оти, како тоа се случи за СДСМ на изборите да не гласа ни дел од членството на партијата?
Ќе се кандидира ли Деспотовски на конгресот на СДСМ во јуни за нов претседател на партијата? Како се случи да се прокоцка за само седум години добрата енергија од Шарената револуција? Се изгуби ли либералната опција во државата? Кој е виновен што СДСМ ги загуби изборите? Зошто СДСМ никако да ја научи лекцијата од изборните порази? Кога Ковачевски ќе си поднесе оставка? Што ако не си поднесе? Отворено за тоа кои се грешките во владеењето на СДСМ, точка по точка, според мислењето на Деспотовски.