politikanti-logo-mk

🔴 СРЕДЕ МЕЃУНАРОДЕН СКАНДАЛ, МИЦКОСКИ РАЗГОВАРА САМО СО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА

Во денешниот поткатст, колоквијално наречените „Политиканти“, инаку официјално Сашо Орданоски и Борјан Јовановски, се осврнуваат на колоквијалното изразување за време на официјалната пригода број еден на новата претседателка на Северна Република Македонија, колоквијално наречена Македонија. Тоа не би било проблем за себе доколку по себе не предизвика меѓународен проблем. Накусо – пак, се скаравме со Грците. И сега?
И сега се отвораат низа прашања на кои Сашо и Борјан се обидуваат да го најдат можниот одговор. Зошто за ништо направивме нешто? Што ние постигнуваме со ова, а што губиме? Дали е толку силно влијанието на Орбан врз Мицкоски? Како тоа ќе се одрази врз нашите односи со Брисел и Вашингтон? ЕПП најави дека ќе „зачистува“ по европските избори сè што замирисува на екстремно – ќе бидат ли „зачистени“ и ВМРО-ДПМНЕ од сестринските партии или ќе преминат во таборот на Орбан?
На внатрешно-политички план, дали ова ќе ја загрози идната владина коалиција со Влен? Што значи тропкањето со чизми на ДУИ? Дали стабилна влада за првпат по 10 години е добра вест или лоша вест?
Неофицијално, а со колоквијален говор, овие сериозни работи во денешното издание на „Политиканти“ ги објаснуваат двајцата погоре наведени. Кликнете и слушнете. Колоквијално официјално.