politikanti-logo-mk

🔴 ИНТЕРВЈУ СО ДИМИТАР БЕЧЕВ, ЕКСПЕРТ ЗА ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ И РУСИЈА
🗣️ БЕЧЕВ: ИЗБОРИ ИЛИ НЕ – БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРОМЕНИ ПОЛИТИКАТА КОН МАКЕДОНИЈА

Во денешното издание на поткастот „Политиканти“, последно за оваа сезона, Борјан Јовановски и Сашо Орданоски со кус преглед на постизборно стивнатата македонска политичка сцена. Што секако не значи дека нешто не се случува – ред на маса, ред под маса.
Она што го чека целата јавност во човековоправно – Македонија, официјално Северна Македонија е конституирање на Собранието и Мицкоски да добие мандат за формирање влада. Ќе ја бидне ли Владата во јуни како што се најавуваше? Кога и да ја бидне, она што ги интересира Грците е дали на заклетвата на таа Влада, идниот премиер Христијан Мицкоски ќе го изговори… зборот, де. Нас граѓаните ќе нè интересира и сè друго вон домашните и меѓународните спектакли, ама нека седнат прво луѓето во фотелја.
Инаку, СДСМ месецов ќе бира претседател на партијата. Чекај. Кој СДСМ? А, овие што изгубија катастрофално на избори. Е, па, Политиканти, супер мега ексклузивно на шокантен начин ви најавуваат кои се кандидатите. Спектакуларно, секако. Никој не знаеше досега. Исто како што никој не знае кој стои зад именуваните кандидати.
Политиканти откриваат – не е лесно да си политичар на Запад. Зошто? Оти мора да мислиш и на другите.
Гостин во денешното издание е предавачот на Оксфорд Димитар Бечев, експерт за европски политики и Русија, кој има што да каже и за балканските и за руско-европските и генерално за светските работи, оти нештата се случуваат и отаде „Табановце“ и „Богородица“.
И со овој разговор, „стариве политиканти“ заминуваат цело лето да гледаат како се потат политичарите во новите политички шеми, за по летото, таман кога ќе залади и таман кога ќе се вжешти политичката атмосфера да ја почнат третата сезона на „Политиканти.мк“.